Нејмар веќе го
надмина легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо во однос на листата на
стрелците за селекцијата на Бразил, дојде до второто место, а му недостасуваат
уште 14 погодоци за да го надмине Пеле.
Роналдо е посебен
за Нејмар, јасно е дека легендарниот напаѓач е идол на ѕвездата на ПСЖ кој
воедно прослави и во стилот на својот идол, а Роналдо не крие дека е пресреќен
за успесите на Нејмар, му порача да продолжи да верува во своите инстикти.
„Летај момче,
само небото ти е граница, пишуваш една преубава приказна, комплетен си, но и
зрел, се носиш со притисокот надвор од теренот, тоа понекогаш знае да биде
поголем предизвик и од самата фудбалска топка“ напиша Роналдо на социјалните мрежи.
„Продолжи да веруваш
во своите инстикти, талентот е твој и никој не може да ти го одземе истиот,
имаш уште многу рекорди пред себе, се гордеам кога ќе видам дека Бразилец е на
врвот“ додаде легендарниот напаѓач.