36 годишниот дефанзивец,
кој настапува за Арсенал де Саранди, мина неколку сезони во дресот на Катанија и
настапот во Калчото му донел директна пресметка со Роналдињо.
Аргентинецот не
сакал да биде понижен од бразилскиот магионичар, па решил со малку поагресивен
пристап да го извади противникот од ритам.
„Имам да ви раскажам
една анекдота. Игравме против Милан на Сан Сиро, и по крајот на првото
полувреме, во тунелот кон соблекувалните ми пристапи Роналдињо. Го соблече
дресот и ми рече, „Повели Алварез, само те молам престани да ме удираш!“ И потоа
ми го даде дресот“ – раскажува Пабло Алварез во развор со Крак Депортиво.
„Беше невозможно
да се сопре Роналдињо, тој беше беспрекорен. Дефинитивно еден од најдобрите во
историјата“.
Десниот бек една
сезона играше и за Сарагоса, таму за противник наиде на волшебникот Лео Меси.
„Го замолив Меси да
се префрли од другата страна на теренот, да престане да си поигрува со мене бидејќи сме
сонародници. Добро се изнасмеа. Добив дрес и од него“.