Рома со само 37% посед ја победи Венеција, Дибала од пенал донесе три бода (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Дибала

Рома ја продолжи серијата без пораз во Серија А, „волчицата“ со голот на Пауло Дибала од пенал славеше со 0-1 на гостувањето кај Венеција.

Избраниците на Раниери осум натпревари не знаат за пораз во Серија А, попладнево со 0-1 славеа на гостувањето кај Венеција.

„Волчицата“ не успеа да импресионира, имаше само 37% посед на топка, но на крајот ги однесе трите бода.

Клучниот момент на натпреварот се случи по десетина минути игра во второто полувреме кога Анхелињо избуди пенал, а Дибала беше сигурен реализатор на најстрогата казна и биеше прецизно од белата точка за 0-1.

allowfullscreen>

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани