Рома славеше против Џенова и обезбеди место во Европа, но ќе почека за да дознае каде ќе игра (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Лукаку

Рома со играч помалку успеа да триумфира со 1-0 над Џенова и да ја обезбеди позицијата број 6 на табелата, „џалоросите“ ќе треба да почекаат да видат дали ова место ќе им донесе настап во Лигата на шампиони, или пак во Лига Европа.

Ромелу Лукаку донесе важни три бода за Рома во пресметката со Џенова, домаќините и со играч помалку стигнаа до минимална победа од 1-0.

Паредес претера со приговорите, доби жолт, но наместо да се смири, продолжи со пцовки, па веднаш доби црвен и беше исклучен во 72. минута.

Но и покрај тоа што бројчаната предност беше на страна на Џенова, Рома поведе во 79. минута, Лукаку со глава ја затресе мрежата за 1-0.

Голот на напаѓачот на крајот донесе три важни бода со кои Рома ја обезбеди позицијата број 6 на табелата.

Сега останува уште да заврши сезоната за да се види дали ова место ќе им донесе настап во Лигата на шампиони, или пак во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани