„Бјанкочелестите“
фатија приклучок во битката за место во Лигата на шампионите, вечерва
избраниците на Инзаги пружија одлична партија и ја надиграа Рома во големото
градско дерби.
Резултатот беше
отворен во 12. минута, Каиседо успеа да го помине Олсен и рутински да реализира
во празната мрежа за 1-0.
Лацио ја
дуплираше предноста во 73. минута кога Имобиле погоди од белата точка.
Кулминацијата се случи во 89. минута кога по една одлична тимска акција, детето
на „бјанкочелестите“, Каталди погоди за 3-0, го соблече дресот и се упати кон
трибините да прослави со фановите.
Па последните
мигови беа тензични, Џеко и Раду почнаа расправија по која се замешаа и другите
играчи, а Александар Коларов потоа беше исклучен откако заработи два жолти картони за краток период.