Рома е доста
активна на трансфер пазарот, веќе ги ангажираше Хавиер Пасторе, Џастин
Клајверт, Анте Чориќ и Брајан Кристанте, се споменуваат уште неколку опции за
Римската Волчица, меѓу кои и Емил Форсберг кој има импресивни настапи на
Мундијалот во Русија.
Мончи барем
засега одлично ја одработува својата задача како спортски директор на Рома,
особено тоа го докажа со ангажманот на големиот холандски талент Џастин
Клајверт, а сега ќе тргне и по шведскиот репрезентативец, инаку член на
Лајпциг.
26 годишниот
офанзивец има важечки договор со германскиот прволигаш до 2022. година, па
несомнено е тоа дека Рома ќе треба да го одврзе добро ќесето доколку сака да го
ангажира летово.
Олеснителна
околност во преговорите помеѓу Рома и Лајпциг е тоа што Форсберг веќе изрази
желба да ги напушти редовите на германскиот прволигаш ова лето, а шефот на
стручниот штаб на Римската волчица, Ди Франческо не ги криеше импресиите од
изданијата на Швеѓанецот на Мундијалот, но според информациите кои
пристигнуваат од Италија, клучните преговори ќе се одвиваат по крајот на
турнирот.