Рома испрати понуда за Икарди, Интер категорично ја одби

by
1 минути читање

Според
известувањата кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Интер категорично ја
одбил првата понуда од Рома за аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Икарди подолг
период се поврзува со трансфер во Јувентус и Манчестер јунајтед, а останува
дилемата околу тоа каква ќе биде конечната реакција на Интер во случај да
пристигне понуда која ќе треба сериозно да ја разгледаат, но, очигледно дека
таа на Рома не била ниту за размислување.

„Ла Република“
пишува дека Рома веќе испратила прва понуда до Интер за Икарди во која го
вклучила и Един Џеко а дополнително и 30 милиони евра, меѓутоа Нероаѕурите
категорично ја одбиле.

Аргентинецот
извесно е дека е на излезна врата од Милано ова лето, со оглед на случувањата
со него откако му беше одземена капитентската лента по што одбиваше да тренира
и да учествува на натпревари на клубот, при што оправдувањето беше дека е
повреден, иако од лекарскиот тим на клубот уверуваа дека не постои никаква
повреда кај него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани