Родриго сериозно размислува за заминување од Реал, ќе остане под еден услов

by bojan
1 минути читање
Родриго

Како што пренесува Радио Марка, Родриго сериозно размислува за заминување од Реал Мадрид, Бразилецот ќе остане само доколку новиот тренер (Чаби Алонсо) експлицитно каже дека сака да го задржи.

Трансферот на Килијан Мбапе донесе одредена тензија во Реал Мадрид, сите почнаа да говорат за новото трио составено од Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингем, нешто што не му се допадна на Родриго, кој негодуваше зошто е изоставен од сликата.

Во текот на сезоната се чинеше дека страстите се смирени, но како што пренесува Радио Марка, Родриго сега сериозно размислува за заминување откако увидел дека фокусот кон Мбапе-Винисиус-Белингем е премногу моќен и ќе продолжи да биде во нивна сенка.

Сепак, тој може да остане под еден услов, односно доколку новиот тренер (се укажува на тоа дека ќе биде Чаби Алонсо) експлицитно каже дека сака да го задржи и се обиде да го убеди да ја продолжи авантурата на „Бернабеу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани