Родриго „флертува“ со два клуба од Премиерлигата

by bojan
1 минути читање
Родриго

Челси и Арсенал пројавуваат интерес за услугите на Родриго од Реал Мадрид, на напаѓачот му годи интересот и дал наредба на своите агенти да слушнат што има да кажат клубовите од Премиерлигата.

Родриго е во сенка на Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, па Бразилецот не е задоволен од својот статус и се шпекулира дека сака да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Последните информации велат дека Челси и Арсенал размислуваат за негов ангажман и на напаѓачот му годи интересот.

Родриго сака да разговара со Чаби Алонсо и да дознае какви се плановите на новиот тренер, но во исто време им дал наредба на своите агенти да слушнат што има да кажат клубовите од Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани