Робертсон е фрустриран од однесувањето на Нејмар

by
1 минути читање

Енди Робертсон
вели дека е фрустриран од начинот на кој фудбалерите на ПСЖ се однесуваа на
синоќешното дерби на вечерта во групната фаза од Лигата на шампионите каде
францускиот тим славеше со 2-1 во еден мошне важен дуел.

Ливерпул падна на
третото место во својата конкуренција по поразот на Паркот на принцевите, а во
истиот Редсите имаа дури 20 прекршоци над своите ривали од победничкиот табор.

Претпоставувам
дека до максимум се обидоа да извлечат во однос на задржувањето на времето во
моментите кога имаа водство
“ рече Енди Робертсон по мечот, во кој имаше и
вербална „војна“ на теренот со првата ѕвезда на домашниот тим, Нејмар.

Би сакал да
дознаам колкав период задржаа од натпреварот со нивното однесување,
фрустрирачки е кога ќе видам како Нејмар паѓаше на теренот
“ додаде бекот на
Премиерлигашот кој потоа и призна дека тој и неговите соиграчи едноставно
морале да се соочат со тоа.

Сето тоа е дел
од неговата игра и ние требаше да се соочиме со тоа, сепак, не успеавме да ја
контролираме нашата агресија
“ заклучи Робертсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани