Роберто Мартинез замина од клупата на Португалија

by 24 фудбал
1 минути читање

Роберто Мартинез повеќе не е селектор на Португалија, откако и официјално потврди дека го напушта кормилото на националниот тим по настапот на Светското првенство.

Португалската репрезентација беше елиминирана во осминафиналето, а заминувањето на Мартинез беше очекувано уште пред почетокот на Мундијалот.

Ова е крај на еден циклус. Важно е националниот тим да добие нов селектор и сосема е легитимно претседателот на Федерацијата да избере човек на кого му верува. Благодарен сум за целата поддршка што ја добив“, изјави Мартинез.

Белгискиот стратег ја презеде Португалија во јануари 2023 година, кога го наследи Фернандо Сантос. Според португалските медиуми, прв фаворит за нов селектор е искусниот Жорге Жезус. Се очекува 71-годишниот тренер да ја преземе репрезентацијата и да ја води низ квалификациите за Европското првенство 2028, како и на Светското првенство 2030, кое Португалија ќе го организира заедно со Шпанија и Мароко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×