Поранешниот
фудбалер и легенда на Барселона, Ривалдо чувствува дека ова ќе биде последната
сезона на Лионел Меси во дресот на Каталонците, тој не гледа начин како
управата на клубот би се изборила во обидите да го разубеди Аргентинецот да
остане.
Меси има можност
да си замине како слободен играч на трансфер пазарот по крајот на актуелната
сезона, а Аргентинецот се обиде тоа да го стори уште по крајот на ланската
сезона, меѓутоа се појавија компликации од правен аспект кои најмногу се
однесуваа на спорната клаузула, став на кој Барселона остана цврсто.
„Да се постигне
договор со Меси ќе биде навистина тешка мисија за клубот, особено по една ваква
финансиска криза која сериозно ја погоди Барселона“ пишува Ривалдо во својата
колумна.
„Секако, Меси ќе
има подобри понуди од други клубови, а веќе се обиде да го напушти клубот на
крајот од ланската сезона, не гледам начин како управата на Барселона да се
обиде да го убеди да остане во клубот и да ја промени својата одлука“ додаде
легендарниот Бразилец.
„Според мене,
само титула во Лигата на шампионите, или во Примера сезонава, па и доколку
екипата предводена од Роналд Куман игра убав фудбал сезонава може да го убеди
Меси да размисли околу својата одлука, засега, се плашам дека оваа сезона за
него ќе биде последна во клубот“ заклучи Ривалдо.