Ристовски: Во овие контроли да го градиме карактерот на македонската репрезентација

by
1 минути читање

Со пристигнувањето на Стефан Ристовски, Езџан Алиоски и Столе Димитриевски, македонската репрезентација е во полн состав на подготовките пред мечевите со Финска и Азербејџан.

Стефан Ристовски вели дека против Финска и Азербејџан ќе добиеме слика за тоа што не очекува во иднина.

„Јасно ми е дека од нас се очекува да бидеме во вистинска форма за натпреварите од Лига на Нации, но на овие контролни дуели добиваме слика за тоа што не чека во иднина. Мислам дека е важно да го засилиме карактерот на тимот низ овие пресметки и да продолжиме да работиме. Атмосферата меѓу нас е одлична, секогаш ни е драго кога се враќаме во репрезентативниот дрес и овие десетина дена ќе ги искористиме и за поголема комуникација и поголемо зближување. Секако, се надевам дека ќе бидеме на ниво и на натпреварите против Финска и Азербејџан, изјави Стефан Ристовски.

Македонија на 23. март игра со Финска, а четири дена подоцна со Азербејџан, двата меча се играат со почеток од 17 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани