Адеми и Ристовски со Динамо Загреб ќе играат во осминафиналето од Лига Европа откако двапати го победија Краснодар и со вкупни 4-2 се пласираа во следната рунда.
Ристовски вели дека не очекувал ваков пресврт на сезоната за него, од лош период во Спортинг, до осминафинале со Динамо.
„Ова е награда за напорната работа на целиот тим. За мене ова е голема премија, не ни очекував дека по бурниот период ќе дојдам во Динамо и ќе се пласирам во осминафиналето од Лига Европа. Благодарен сум му на тимот што ми го овозможи тоа и се надевам дека ќе продолжиме вака да играме“, изјави Ристовски по мечот.
„Направивме се што требаше, не се отворивме, ги чекавме, постигнавме гол и поминавме понатаму. Немам некоја посебна желба за ждрепката, сакам само да ја прославам победата, а потоа што биде нека биде“.