Ристиќ: Сакав да го донесам Ѓорѓиевски во Силекс, но… (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Спортскиот директор на Силекс, Стевица Ристиќ, во емисијата „За гол повеќе“ на Арена Македонија, открива дека бил во преговори за ангажман на напаѓачот Марко Ѓорѓиевски, но не можеле да се носат со понудата на Шкендија.

Марко Ѓорѓиевски импресионираше во првите натпревари за Шкендија откако се врати во македонскиот фудбал. Покажа дека е напаѓач кој во оваа лига прави разлика.

Ѓорѓиевски од 2023 до 2025 го носеше дресот на Силекс, имаше одлични партии за кратовскиот тим кои му обезбедија трансфер во Клуж од Романија.

Ова лето Силекс се обидел да го врати Ѓорѓиевски во Кратово, но едноставно Шкендија е финансиски помоќна, испратила подобра понуда која напаѓачот ја прифатил.

„Марко Ѓорѓиевски видовте што направи за Шкендија во првите натпревари. Јас сакав во Силекс да го донесам, бевме во преговори, но реално Шкендија финансиски е помоќен клуб и го разбирам зошто ја избрал Шкендија. Марко е играч кој може да реши натпревар со една шанса“, рече Ристиќ во емисијата „За гол повеќе“.

Целата емисија „За гол повеќе“ со Стевица Ристиќ може да ја погледнете во продолжение:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×