Ристиќ: Хасукиќ ме купи со еден потег, покажа дека е голем човек! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Спортскиот директор на Силекс, Стевица Ристиќ, во емисијата „За гол повеќе“ на Арена Спорт Македонија, раскажа еден интересен момент од мечот меѓу Силекс и Скопје кој го доби кратовскиот тим со 3-0.

Силекс во второто полувреме го скрши отпорот на Скопје и дојде до убедлив триумф. Хасукиќ, Богдановски и Мишов беа стрелци на головите.

„Мечот против Скопје за нас беше многу важен бидејќи ни следат три дерби натпревари, против Вардар, Шкендија и Струга. Како што очекувавме, Скопје дојде и застана во низок блок и чекаше контри. Првото полувреме беше тврдо, имавме ние шанси, имавме и пречка, но не дадовме гол. Откако веќе го отворивме резултатот со еврогол на Хасукиќ беше многу полесно“, вели Ристиќ и додаде:

„Покрај фудбалот мислам дека семејството е нешто најважно во животот. На Богдановски му се породи сопругата вчера, сакам да му честитам, да му е жива и здрава ќеркичката. Пеналот кој го имавме во второто полувреме, ние како изведувач го имаме Хасукиќ кој ги искористи последните два пенали и кој е наш прв изведувач на пеналите, Богдановски е играч кој исто така дојде сега, влезе во многу шанси, тој е еден од нашите најдобри играчи, но едноставно не можеше да даде гол. Хасукиќ тука ја покажа својата големина, му ја даде топката на Богдановски да го изведе пеналот и со тоа покажа дека е тимски играч и дека го почитува тимот повеќе отколку себе“.

„Јас искрено, бидејќи бев напаѓач, никогаш немаше тоа да го направам. Никој не смееше да влезе во шеснаесетник, не па да ја земе топката. Но, Хасукиќ ме купи со тој потег и секоја му чест“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×