Крилниот напаѓач
на Евертон, Ришарлисон го спореди својот соиграч Доминик Калверт-Луин е
спореден со ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, а Луин веќе го запиша првиот
повик во националниот состав на Англија по феноменалните партии во дресот на „Карамелите“.
23 годишниот
напаѓач дефинитивно е главната причина што Евертон запиша максимални четири
победи од исто толку и одиграни натпревари во новата сезона во Премиерлигата
под водство на Карло Анчелоти, а тоа што го открива Ришарлисон доволно говори
за брзиот развој на Луин.
„Развојот на Луин
е навистина импресивен, тој се трансформираше во комплетен напаѓач, се сеќавам
кога дојдов во овој клуб тој не беше ништо од тоа што е сега“ вели
Бразилецот за сајтот на ФИФА.
„Станува збор за
максималниот допринос кој Луин го даде во тоа што го работи, во теретаната е
секој ден, секогаш работи на завршницата, а играњето под кормилото на Анчелоти
тој сигурно ќе напредува уште повеќе во иднина, ќе биде се’ подобар и подобар“ додава Ришарлисон.
„Доминик има
неверојатен старт на новата сезона и без никакво сомневање го заслужи повикот
од селекцијата на Англија, вистински кошмар е да играте против него, во многу
ситуации потсетува на Кристијано Роналдо“ заклучи Бразилецот.