Ридигер си ја отвори душата: Седум месеци играм со страшна болка…

by bojan
1 минути читање
Антонио Ридигер

Антонио Ридигер се огласи на социјалните мрежи, дефанзивецот на Реал Мадрид открива дека седум месеци игра со страшни болки па било неизбежно да заврши „под нож“ и да направи операција на менискус.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер боледува од остеоартрит и често има проблеми со колената. Откако конзервативниот третман не даде резултати, тој денеска заврши „под нож“.

По успешниот зафат, Германецот се огласи на социјалните мрежи и откри дека дури седум месеци играл со страшни болки.

„Откако повеќе од седум месеци играв со страшни болки, беше неизбежно да направам операција на менискус“ – гласи пораката на Антонио Ридигер.

Сега конечно немам болки, операцијата беше успешна. Сакам да му се заблагодарам на лекарскиот тим, особено на Гидо Спирандели (докторот на Реал Мадрид)“.

„Сакам што поскоро да се вратам на терените, имам две важни натпреварувања – Лигата на нации и Светското клупско првенство. Ќе одам недела по недела и ќе видам што можам да направам, но ќе го дадам максимумот за да бидам таму“.

Се шпекулира дека Антонио Ридигер ќе паузира помеѓу шест и осум недели, иако има и пооптимистички прогнози кои велат дека може да се опорави за четири до шест недели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани