Веќе е петок, од денеска почнува ново коло во Серија А, но реакциите од дербито помеѓу Јувентус и Интер никако да стивнат. Во центарот на вниманието е судијата Никола Рицоли кој доби многу критики, како и Икарди и Перишиќ кои заработија по два натпревари суспензија.
Поранешниот тренер на Аталанта, Пјерпаоло Марино има поразлично мислење од другите. Да би бил тренер на Интер не би го обвинувал судијата, туку би ги казнил своите играчи.
„Ако зборуваме за тоа дека Рицоли е предмет на некаква конспирација, да го затвориме случајот и да преминеме на друг спорт“ – вели Марино.
„Доколку некој како Рицоли не може да направи грешка како и секој друг човек, тоа значи дека ние во Италија сме во лоша состојба. Тој судеше добро и на двете страни, мислам дека играчите треба да бидат примерни, а не да создаваат непотребна драма“.
„Ако јас бев тренер на Интер ќе ги казнев Икарди и Перишиќ. Рицоли не е крив“.