Рибери не сака да биде критикуван па на новинар му „залепил“ три шлаканици!

by
1 минути читање

„Баварците“ во
саботата загубија на „Дер Класикер“ а Франк Рибери ги загубил и нервите и
физички нападнал новинар.

Како што
пренесува Билд, пред да се качи во тимскиот автобус, Французинот започнал
расправија со стручниот коментатор на беИН Спортс, Патрик Гију. Очевидци на
инцидентот велат дека Франк Рибери потоа му „залепил“ три шамари на новинарот и
го турнал.

Се претпоставува
дека Франк Рибери бил испровоциран од критиките кои Патрик Гију ги дал за
неговите перформанси на „Сигнал Идуна Парк“. Новинарот го посочил Французинот
како главен виновник за два гола на Борусија Дортмунд.

Спортскиот
директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ потврди дека дошло до инцидент по поразот
од „Милионерите“ и порача: „Франк Рибери не извести дека имал судир со неговиот
сонародник Патрик Гију, со кого се познава неколку години. Се договоривме со
Патрик Гију да организираме средби во иднина за да видиме како да го решиме
проблемот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани