Во денешно време, фудбалерите многу внимаваат на исхраната, оние најдобрите имаат строг режим на исхрана со цел да играат на највиско ниво.
Но ова не важи за Џејми Варди, една од ѕвездите на шампионскиот тим на Лестер. Неговата приказна е добро позната, од играње во ниските лиги на Англија до врвот во Премиерлигата и еден од најдобрите голгетери на „островото“.
Самиот тој пред неколку години откри дека пие три лименки ред бул неколку часа пред натпревар, но очигледно ова не е единствената лоша навика.
Поранешниот фудбалер на Лестер, Ричи Де Лат сега открива дека Џејми Варди пиел кригли пиво и јадел пица денот пред натпревар.
„Денот пред натпревар, Џејми Варди пиеше кригли пиво и јадеше пица“ – раскажува Ричи Де Лат, кој не се изнаигра многу кога Лестер стана шампион, но ќе биде запаметен како играчот кој се радувал и на титулата во Премиерлигата, но и на обезбедена промоција во Премиерлигата откако вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Мидлзборо.
Џејми Варди неодамна исто така откри дека често знаел да пие вино, така подобро спиел.
„Кога го собори рекордот на Ван Нистелрој и постигна гол на 11 натпревари во низа, вечерта пред натпреварот, возачот на автобусот ни купи вино кое го сокривме во собата“.
„Јас се напив една чаша, Варди го испи остатокот од шишето“.