Ремито со Јунајтед не беше доволно, Саутемптон му даде отказ на Хјуз

by
0 минути читање

Саутемптон е десет натпревари по ред без победа, во моментов се наоѓа во зоната за испаѓање со девет освоени бода од 14 натпревари.

Ремито со Манчестер јунајтед не го предомисли раководството на Саутемптон, очигледно само победа можела да го спаси Марк Хјуз од отказ.

Тој повеќе не е тренер на клубот, а заедно со него си одат и асистентите Марк Боен и Еди Ниедвецки.

Асистентот Келвин Дејвис останува и тој ќе го води тимот во среда на гостувањето кај Тотенхем. Клубот паралелно почнува потрага по нов тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани