Најдобрата македонска
фудбалска репрезентација одигра реми без голови во контролниот меч против
Финска, прв на програмата од предвидените две пријателски натпревари во Белек.
Избранциите на
Ангеловски имаат мини-доминација во првото полувреме, но топката тешко стигнува
до казнениот простор на противникот, истото важи и за спротивната страна, па во
првиот дел од мечот имаше само една посериозна шанса.
Алиоски ја имаше
најсериозната прилика да постигне гол откако по одлично одработена акција по
десната страна Ристовски нафрли во казнениот простор на противникот, на топката
наиде Алиоски кој се избори да шутира со глава, но неговиот обид заврши само во
конструкцијата од голот на Финска.
Ако во првото полувреме
доминираше и го диктираше темпото на игра на средбата, Македонија со исто темпо
продолжи и во вториот дел.
Македонија и во вториот
дел од мечот ја иаше најзрелата шанса прва да го отвори мечот, но Адеми во 58.
минута не искористи да погоди за водство против Финска кое би го отворило патот
до победата. Најпрво Несторовски ја имаше топката, која стигна до Адеми, а неговиот обид на фантастичен начин беше одбранет од Храдецки.
И Финска при една
полуконтра во 75. минута имаше создаде една прилика за гол која за момент
можеше да го изненади Димитриевски кој мошне сигурно на крајот реагираше при
ударот со глава на Пуки, а само две минути подоцна Лод можеше да го матира
нашиот голман откако излезе сам очи во очи со него, но биеше крајно непрецизно
во својот обид.
Македонија: Димитриевски, Муслиу, Ристевски, Велковски, Барди (Николов
66’), Спировски (Зајков 91′), Адеми, Алиоски (Радески 87’), Ристовски (Тошевски 90′), Пандев (Тричковски 88’) и Несторовски (Трајковски 79’).
Мечот во Белек се играше
покриен со видео асистенција за судиите (т.н. ВАР-технологија), што е прв пат
за една наша селекција да игра по новите правила за спорни ситуации од страна
на ФИФА.
На 27 март, исто така во
Белек, но на арената „Мардан“, избраниците на Ангеловски ќе ги одмерат силите и
со Азербејџан.