Рекорд: Никогаш немало подобар тандем од Кејн и Сон во Премиерлигата (ФОТО)

by
1 минути читање

При последниот гол за Тотнем во победата од 4-1 над Кристал Палас, Сон му асистираше на Кејн за погодок.

Тоа беше 14 гол во Премиерлигата оваа сезона како еден му асистира на друг од нив двајца. Со тоа тие го урнаа рекордот на Ширер и Сатон од сезоната 1994-95, тие меѓусебе имаа 13 голови.

Уште поимпресивно е што овој рекорд доаѓа на 11 кола до крајот на Премиерлигата, бројката која сега е 14 може да стане уште поголема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани