Поранешниот
напаѓач на Интер, како и легенда на тој клуб, Алваро Рекоба упати пофалби на
сметка на Алексис Санчез, Чилеанецот кој влезе во игра во второто полувреме на
мечот со Торино, а по само пет минути на теренот му асистираше на Лаутаро
Мартинез во голот за победа од 1-2.
„Алексис е класа
од играч, елитен фудбалер, тој може да се адаптира во повеќе улоги на теренот,
како и да биде и повеќе од корисен за тимот“ вели Рекоба
„Неговите
квалитети му овозможуваат да игра на било која позиција во последните три на
теренот, тој многу добро знае како да се усогласи со тоа што тимот го бара од
него, односно тоа што му е потребно на тимот од него“ додава тој во изјавата за
„ТНТ Спортс Чиле“.
„Јасно е дека
сака да игра повеќе, но доколку погледнете одблизу, тој беше распореден повеќе
од останатите, а често беше клучен со одредени погодоци, особено со асистенции
и клучни додавања, неговиот импакт е навистина позитивен, остави добар впечаток
при секој негов настап“ заклучи легендарниот Уругваец.