77
Кризата во која влезе Реал Мадрид се продлабочува, „Кралевите“ на четврти меч во низа не знаат да погодат а го забележаа и третиот пораз.
Шампионот на Европа пристигна како голем фаворит на „Мендизороца“ но си замина со празни раце. Во последните секунди од мечот, пред судијата да свирне крај, Ману Гарсија донесе шокантна победа за домаќините.
По еден корнер од левата страна одбраната на Реал подзаспа, Куртоа исто така не реагираше на потребното ниво, па домаќините на крајот се радуваат на големи три бода и прва победа над Реал Мадрид на домашен терен по 1931.