Реал Мадрид пред
две години се обиде да најде долгорочна замена за Марсело, и за прв пат по
долго време купи играч од лутиот градски ривал Атлетико. На Бернабеу
пристигна Тео Ернандез за 30 милиони евра, но Французинот не се снајде најдобро
и минатата сезона беше испратен на позајмица во Реал Сосиедад.
Зинедин Зидан
сега има нова желба, се работи за неговиот сонародник Ферлан Менди од Лион.
Голем број на извори од Шпанија уште доцна синоќа пренесоа дека сè е договорено
и левиот бек ќе направи лекарски прегледи во Париз.
За исполнување на
барањата на тренерот, Флорентино Перез требаше длабоко да брке во џебот и да лупне 55 милиони евра. Според пишувањата на АС, Лион барал 60 милиони, Реал
нудел 50 милиони, па двата клуба на крајот се нашле на средината. Трансферот
официјално треба да биде комплетиран до крајот на неделата, или почетокот на
следната.
Ферлан Менди во следната
сезона треба да се натпреварува со Марсело за место во стартниот тим, а во
иднина и да ја превзеде улогата на Бразилецот во првите единаесетмина.
Со ангажманот на
својот сонародник, Зизу ќе има доста главоболки но и луксуз, бидејќи на клупата
може да има резервни бекови вредни речиси 100 милиони евра, откако минатото
лето во Мадрид пристигна Алваро Одриозола
за 40 милиони евра, кој треба да му конкурира на Дани Карвахал за десната
бековска позиција.