Реал ретко пазарува во јануари, а кога ќе купи тоа се големи утки, еве кога последен пат погодија зимско засилување

by
2 минути читање

Откако Кристијано
Роналдо на големо изненадување го напушти Сантијаго Бернабеу на почетокот од
јули, медиумите постојано најавуваа дека голема ѕвезда ќе го наследи ЦР7.

Нејмар, Килијан
Мбапе и Еден Азар беа посочувани како новите „галактикос“ но ниту еден од овие
трансфер не се реализираше.

Реал Мадрид добро
ја започна сезоната без ЦР7 во тимот, Хулен Лопетеги промовираше нов стил со
голем посед на топката, а во отсуство на Кристијано Роналдо, останатите играчи
како Бејл, Бензема, Асенсио и Иско добија прилика да блеснат.

Сепак потоа
следуваше мала резултатска криза, Реал по три децении за прв пат на четири меча
во низа не постигна гол, па почна да се зборува за промени. Столчето на Хулен
Лопетеги се тресе, а Флорентино Перез исто така наводно подготвува спектакуларни
трансфер во јануари, и ангажман на Еден Азар и Хари Кејн.

Еден ваков потег
ќе значи дека „Кралевите“ ја напуштаат практиката долга десетина години со која
во јануари или не пазареа или носеа засилувања кои не чинеа многу. Исто така
најголемиот дел од овие зделки беа утки. За последен пат зимските засилувања се
погодија во 2007 кога беа купени Марсело, Игуаин и Гаго.

Последните зделки на Реал Мадрид во јануари:

2018 – без засилувања
2017 – без засилувања
2016 – без засилувања
2015 – Лукас Силва, Одегард
2014 – без засилувања
2013 – Диего Лопез
2012 – без засилувања
2011 – Адебајор
2010 – без засилувања
2009 – Хунтелар, Диара и Фобер
2008 – без засилувања
2007 – Марсело, Игуаин и Гаго

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани