Изминативе неколку дена се појавија голем број гласини за можноста ЦР7 да го засили шампионот на Италија. На оваа тема денеска пишуваа и Марка и Тутоспорт, кои пренесоа дека се прават големи напори за реализирање на зделката. Попладнево пристигнаа нови шпекулации, во емисијата Хугонес беше обелоденето дека Реал Мадрид кажал ДА за продажба на Кристијано Роналдо.
Новинарот Жозеп Педрерол објави дека „Кралевите“ ја прифатиле понудата на Јувентус вредна 100 милиони евра. Исто така „Старата дама“ веќе постигнала согласност со Португалецот за плата од 30 милиони евра по сезона, односно четиригодишен договор вреден 120 милиони евра.
Извештајот вели дека 33 годишниот Кристијано Роналдо смета дека неговото време на Сантијаго Бернабеу е завршено, и за интересот на Јувентус бил известен уште пред финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул во Киев.
Останува да се види дали има вистина во овие стории, но се чини дека „Старата Дама“ е на чекор до големо засилување бидеќи се повеќе извори пишуваат на оваа тема.