„Кралевите“ во
само неколку дена испаднаа од трката за два трофеи. Барса најпрво славеше со
0-3 на Бернабеу за да го елиминира лутиот ривал од Копа дел Реј, а во саботата
триумфираше во Мадрид и во првенството и отиде на +12 во однос на Реал.
Лигата на
шампионите останува единственото боиште, но овој Реал не наликува на оној кој
изминативе три години доминираше во Европа. Па затоа полека
се кројат планови за реконструкција на тимот, но пред да се одлучи по кои
ѕвезди ќе се тргне, Реал најпрво треба да види кои играчи ќе заминат, а според
АС, во овој момент неколку играчи се на излезни врати.
Иско
Ситуацијата на
Шпанецот е комплицирана, но таа би можело да се промени со пристигнување на нов
тренер. Солари има мали шанси да продолжи на кормилото (може да го спаси само
триумф во ЛШ), па под палката на нов тренер Иско би може да добие нова шанса.
Сепак, лидерите на Реал се разочарани од неговото однесување и се подготвени да
ги слушнат понудите. На директорите не им се допаѓа тоа што Иско решил да крене
раце наместо да се бори за враќње во старниот состав.
Бејл
Се верува дека
веќе е пресудено за иднината на Велшанецот. На сите во Мадрид им е преку глава
од однесувањето на играчот. Дополнително, неговите перформанси се многу лоши и
тој го загуби стартното место од Лукас Вазкез. За разлика од другите сезони
кога Реал не сакаше да слушне за продажба, сега „кралевите“ се подготвени да
седнат на маса со потенцијалните купци. Летоска Бејл ќе полни 30 и можноста да
истапи и да биде главен играч на проектот исчезнаа.
Марсело
Ситуацијата на
Марсело веројатно е најнеочекувана. Бразилецот често говореше како се чувствува
како дома во Реал и дека посакува да стави крај на кариерата во Мадрид. Но тоа
што го загуби стартното место придонесе играчот да почне да размислува за
заминување. а исто така неговиот пријател Кристијано го бара во Јувентус. Лидерите
на Реал се свесни за неговата желба за промена на средината, и доколку
ситуацијата не се промени до крајот на сезоната, неговото заминување ќе стане
реалност.
Ваљехо
Честите повреди
не му дозволија да покаже што умее, па веројатно повторно ќе биде продаден со
опција за одредена сума да биде вратен. Во Реал сметаат дека најдобра опција е
дефанзивецот да замине во клуб каде што ќе може да игра регуларно по 30 до 40
натпревари во сезона и да се врати во топ форма. Исто така, се очекува Милитао
од Порто да пристигне летоска, па за Ваљехо ќе нема место.
Маријано
Неговиот трансфер
беше прилично изненадувачки, Реал се реши да ја искористи опцијата во
последните денови од летниот преоден рок, и тоа само откако Севиља изрази
сериозно желба да го ангажира. Солари не смета многу на Марјано, а и кога
играчот добиваше шанса, не успеваше да импресионира. Исто така подолго време се
мачеше со повреда, па летоска двете страни ќе седнат и ќе се договорат што е
најдобро.
Брахим
Младиот Шпанец е
уште едно засилување кое не добива шанси. Пристигна на Бернабеу во јануари како
голем талент од Манчестер Сити, а Реал за него плати прилично многу доколку се
земе во предвид дека му истекуваше договорот за шест месеци. Но Брахим до сега
нема одиграно ниту 30 минути во дресот на „кралевите“. Реал најпрво ќе почека
да види кој ќе биде новиот тренер и какви ќе бидат неговите планови за Брахим,
па потоа ќе седнат да разговараат со играчот. Доколку фудбалерот добие ветување
за минутажа, ќе остане, во спротивно, ќе се бара клуб каде тој ќе биде испратен
на позајмица.