„Кралевите“ полека го склопуваат тимот за наредната сезона, барем кога се во прашања новите имиња. Покрај талентираниот Родриго, кој е капарисан уште пред една година, до сега се потврдени трансферите на Едер Милитао, Лука Јовиќ и Еден Азар.
Се очекува во Мадрид да пристигне и левиот бек на Лион, Ферлан Менди како и еден од Пол Погба и Кристијан Ериксен.
Според пишувањата на „Сан“, Реал Мадрид веќе отворил преговори со Манчестер јунајтед за трансафер на Французинот. Кога генералниот извршен директор Хосе Анхел Санчез оваа недела бил во Лондон за да го договори Еден Азар, имал средба со официјални лица на „ѓаволите“ и разговарал за Пол Погба.
Весникот пишува дека клубот од Олд Трафорд поставил висока цена и бара 150 милиони фунти или околу 170 милиони евра, па сега Флорентино Перез треба да одлучи дали е подготвен да бркне волку длабоко во џебот.
Исто така, Реал Мадрид ќе треба да побрза зошто и други клубови пројавуваат интерес за Пол Погба, фудбалерот од средниот ред е желба и на Јувентус и на ПСЖ.