Флорентино Перез
се подготвува за нов „галактико“ проект и трошење како никогаш претходно. До
овој момент веќе се купени тројца играчи, Едер Милитао за 50 милиони евра, Лука
Јовиќ за 60+5 милиони евра, и Еден Азар за 100+50 милиони евра.
Се најавува
пристигнување и на Ферлан Менди од Лион за околу 55 милиони евра, плус и еден
од Пол Погба и Кристијан Ериксен. Французинот би можел да чини помеѓу 160 и 180
милиони евра, додека пак Данецот околу 120 милиони евра.
Ваквата
реконструкција на тимот може да му донесе проблеми на Реал со УЕФА и правилата
за Финансиски фер плеј. Европската куќа на фудбалот со цел дополнително да
стави ред, промовира нови критериуми и разликата помеѓу потрошените пари за
засилувања и добиените средства од продадените играчи треба да биде максимум
100 милиони евра.
Па „кралевите“
доколку искешираат 400 милиони евра ова лето за нови имиња, ќе треба да
приберат 300 милиони од продажба. Секако оваа бројка може да биде поголема или
помала во зависност од тоа колкава на крајот ќе биде сметката платена за
исполнување на желбите на Зинедин Зидан.
АС пишува дека поради
ова на дури 13 играчи им виси иднината. Најголемите продажби треба да
бидат Хамес Родригез, Герет Бејл и Матео Ковачиќ.
На списокот има и
имиња како Кејлор Навас, Хесус Ваљехо, Тео Хернандез, Серхио Регилон, Маркос Љоренте,
Лукас Силва, Дани Себаљос, Маријано Диаз, Борха Мајорал и Раул де Томас.
Зидан дополнително треба да одлучи и за иднината на Одегард и Иско, дали ќе смета на овие двајца фудбалери или и тие ќе можат да заминат.