163
Реал Мадрид со повеќе отсутни играчи во тимот за малку не доживеа пораз на свој терен од Сосиедад.
Тимот на Зидан доминираше во првото полувреме, но не ги искористи шансите. Казната дојде по десет минути игра во вториот дел кога Порту погоди со глава за водство на Сосиедад од 1-0.
Реал Мадрид долго се мачеше да се врати во мечот, конечно тоа се случи во 89. минута кога со гол на Жуниор Винисиус стигнаа до реми, 1-1.