Сантијаго Солари
забележа четири победи во низа во сите конкуренции и делуваше дека конечно на
Реал Мадрид му тргна по катастрофалната низа претходно по што падна и долго
најавуваниот отказ за Хулен Лопетеги, но, денес повторно загриженост кај
фановите на таа екипа.
Реал Мадрид со
убедлив пораз од 3-0 се враќа од гостувањето кај Еибар во рамките на 13 коло во
најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија, а по првите 45 минути игра на оваа
пресметка домаќините имаа минимално водство од 1-0.
Ескаланте погоди
по само 16 минути игра за Еибар, а со тој резултат се замина на паузата, по
која само седум минути игра во вториот дел, Енрих погоди и за 2-0.
Конечните 3-0 ги
постави Кике само пет минути по голот за 2-0, поточно во 57. минута, донесувајќи
убедлив пораз за фаворитот, односно, на првиот меч на Солари откако потпиша
договор со клубот, ако се земе во предвид дека претходно го предводеше гигантот
како привремено решение за таа позиција.