Подолг период
Нејмар се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а државната телевизија во Шпанија,
ТВЕ пренесе дека европскиот првак понудил неверојатни 310 милиони евра за
Бразилецот.
Од шпанскиот
гигант демантираат било каква понуда до ПСЖ, ниту контакт со францускиот
прволигаш или Нејмар, од таму додаваат дека ги изненадува тоа што медиумот
објавил таква информација без притоа да побара детали од клубот.
„По објавувањето
на информацијата од страна на ТВЕ за понудата од Реал Мадрид до ПСЖ за Нејмар,
Реал Мадрид ја известува јавноста дека таа информација не е точна“ се вели во
соопштението на Кралевите.
„Реал Мадрид не
остварил никаков контакт со ПСЖ, ниту пак со фудбалерот, за нас е изненадувачки
тоа што медиумот објави лажна вест без притоа да оствари било каков
контакт со било кој во нашиот клуб за истата да биде потврдена или негирана“
додаваат од таму.