247
„Кралевите“ рутински се справија против Селта, триумфираа со 2-0 и привремено скокнаа на првото место на табелата.
Домаќините поведоа по само шест минути игра, Асенсио нафрли а Лукас Вазкез на подалечната статива се снајде одлично и со глава ја затресе мрежата.
Улогите беа променети во 53. минута, Селта загуби топка, Реал тргна во контра а Лукас Вазкез му асистираше на Асенсио за 2-0.