Меѓу шесте нови фудбалери „АС“ го вбројува и Милитао кој веќе потпиша за Реал Мадрид за сума од 50 милиони евра, но во тимот ќе пристигне по крајот на сезоната.
Останатите пет играчи се Погба, Азар, Ериксен, Ндомбеле и Јовиќ.
Најскап ќе биде Погба за кого се верува дека Реал Мадрид ќе треба да плати 150 милиони евра. За Азар ќе треба да се издвојат 112 милиони евра иако договорот му истекува во 2020 година. Иста е ситуацијата и со Ериксен за кој Тотнем бара 100 милиони евра.
Лион бара 80 милиони евра за 22-годишниот Ндомбеле, а за Јовиќ Реал Мадрид ќе треба да плати околу 60 милиони евра. Вкупната сума на овие играчи е 487 милиони евра, плус тие 50 милиони од Милитао по што ќе се дојде до речиси 540 милиони евра потрошени за нови засилувања.