Реал Мадрид не го пушта Винисиус на турнир за Бразил

by
1 минути читање

Реал Мадрид
одбива да го пушти офанзивецот Винисиус Жуниор за претстојниот јужно
американски турнир за фудбалери до 20 години кој ќе се одржи во Чиле.

Карлос Амадеу,
селекторот на соодветниот состав на Кариоките, вели дека извесно е тоа дека
Винисиус нема да се најде во составот, а наводно Реал Мадрид веќе бил директен
во ставот дека нема намера да го ослободи од клупските обврски.

Ние сите знаеме дека е премногу комплицирана оваа ситуација, од причина што не влегува во календарот на ФИФА, а клубот не е обврзан да го пушти“ изјави Амадеу.

Турнирот се игра
од 20 јануари, до 13 февруари, но, истиот не е во рамките на календарот на
ФИФА, самото тоа му дава право на Реал Мадрид по сопствено убедување да донесе
одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани