Реал Мадрид ја „мониторира“ ситуацијата околу Стерлинг и Манчестер Сити

by
1 минути читање

Реал Мадрид
наводно ја „мониторира“ ситуацијата околу Рахем Стерлинг во неговите преговори
со Манчестер Сити за потпис на нов договор, актуелниот важечки со англискиот
првак за офанзивецот истекува за 18 месеци.

ESPN FC наведува дека не постојат реални основи кои
најавуваат дека Стерлинг би ја продолжил соработката со Премиерлигашот, а доколку
се оствари тоа, Реал Мадрид сигурно ќе влезе во авантурата за да дојде до
потписот на 23 годишниот репрезентативец на Англија.

Реал Мадрид
засега не ја пополни адекватно дупката која остана по заминувањето на
Кристијано Роналдо изминатото лето, а европскиот првак веќе има криза во
офанзивниот дел од својата игра во новата ера без Португалецот.

Шпанскиот гигант
би можел да го реши овој проблем уште во јануарскиот преоден рок, а извесно е
дека Стерлинг поседува многу офанзивни карактеристики кои го прават адекватно
решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани