Реал Мадрид има фаворит за нов тренер, се ближи денот кога Лопетеги ќе добие отказ

by
1 минути читање

Хулен Лопетеги ќе испадне еден од најголемите губитници откако на само два дена пред почетокот на Светското првенство доби отказ од Шпанија поради тоа што потпиша за Реал Мадрид, а сега му се спрема бркање и од кралскиот клуб.

Според „АС“, Реал Мадрид ги разгледува опциите за нов тренер, а прв на листата е Антонио Конте бидејќи тој е единствениот елитен слободен тренер во моментов.

Но, за да го добие Конте, Реал Мадрид ќе треба да се договори со Челси бидејќи Италијанецот се уште е на платниот список на Абрамович, неговиот договор истекува следното лето.

Реал Мадрид четири натпревари е без даден гол, има три порази и едно реми.

Шпанските медиуми сметаат дека Лопетеги ќе добие отказ доколку го загуби Ел Класико дуелот со Барселона на 28. октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани