Пред неколку дена
државната телевизија на Шпанија објави дека „Кралевите“ понудиле неверојатни 310
милиони евра за Нејмар, вест која Реал Мадрид за кратко време ја демантираше.
Сега од Франција
пристигнуваат нови шпекулации за рекордна зделка помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, но
не за Нејмар.
Новинарот Баптист
Рипар пренесе дека двата клуба постигнале договор за трансфер на Килијан Мбапе
на Сантијаго Бернабеу вреден 272 милиони евра, сума која ќе биде платена на
четири рати.
Баптист Рипар ова
лето веќе имаше неколку солидни информации, тој беше еден од првите кои
пренесоа дека Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид, а објави и дека Томас
Лемар ќе ја засили четата на Диего Симеоне.
Останува да се
види колку ќе има вистина во оваа сторија. Килијан Мбапе и минатото лето беше
желба на Реал Мадрид, се шпекулираше дека „Кралевите“ биле блиску до неговиот
потпис но зделката никогаш не се реализирала бидејќи ниту една ѕвезда не замина, или поточно Герет Бејл остана на Сантијаго
Бернабеу и покрај тоа што беше желба на Жозе Мурињо.
Исто така се чини
дека Нејмар е прваиот избор на Флорентино
Перез за новиот „галактико“ и наследник на Кристијано Роналдо, кој е се
поблиску до заминување.