Реал Мадрид и Манчестер Сити со нови победи го заверија пласманот во четвртфиналето од ЛШ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Марид не дозволи изненадување, кралскиот клуб победи и во Бергамо, тогаш со 1-0. Аталанта вечерва тргна офанзивно, имаше шанси прва да поведе, но откако не го стори тоа работите си дојдоа на свое место.

Во 34. минута по асистенција од Модриќ, Бензема реализираше лесен гол за водство од 1-0.

По 15 минути игра во вториот дел Рамос погоди од пенал за 2-0, а Мурел во 83. минута намали на 2-1 и влеа малку надеж за Аталанта.

Но таа надеж ја згасна Асенсио само две минути подоцна со гол со кој го постави конечниот резултат од 3-1.

Манчестер Сити со идентични 2-0 ја победи Борусија Менхенгладбах и со вкупни 4-0 се пласира меѓу осумте најдобри.

Де Брујне со прекрасен гол во 12. минута донесе водство од 1-0, а шест минути подоцна Кундоган ги постави конечните 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×