Реал Мадрид го победи Овиедо, но и го почувствува бесот на своите навивачи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија тимот на Овиедо со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“ во 36. коло од Ла Лига. Стрелци за Реал беа Гонзало Гарсија во 44. минута и Џуд Белингам во 80. минута, меѓутоа овој триумф не носи многу радост во Мадрид.

Натпреварот немаше резултатско значење ниту за Реал, ниту за Овиедо, бидејќи мадридскиот клуб веќе е сигурен на второто место, додека гостите и официјално испаднаа во понизок ранг.

Во Мадрид вечерва фокусот повеќе беа случувањата на трибините отколку на теренот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како претседателот на клубот Флорентино Перез влегува во расправија со дел од навивачите, откако еден од нив наводно му порачал да си замине.

Свирежи вечерва имаше и за Мбапе и Винисиус, па така навивачите јасно им покажаа што мислат за нивните настапи и резултати во сезоната која завршува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×