Реал Мадрид е подготвен да се раздели со Рамос, но само за многу пари

by
1 минути читање

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека Серхио Рамос побарал да му биде дозволено да направи бесплатен трансфер во Кина, но тоа нема да се случи.

„Не можеш да заминеш како слободен играч, тоа ќе биде огромен преседан“, му рекол Перез на Рамос.

„АС“ пишува дека Реал Мадрид е подготвен да го продаде Серхио Рамос, но само за голема сума, која би изнесува 100 милиони евра, што е многу за 33-годишен дефанзивец без разлика на неговите квалитети.

Рамос бил разочаран од ставот на Флорентино Перез, тој сега заминува да ги исполни обврските кон шпанската репрезентација и веројатно брзо потоа ќе се бара решение за неговата иднина и ќе се знае дали ќе остане во Реал Мадрид или ќе замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани