Реал Мадрид без Роналдо го растури Еибар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид се крена кога најмногу треба, полошиот меч против Лас Палмас одговори со победа на гостувањето кај Еибар.

Кралевите на овој меч играа без Роналдо, но тоа не беше проблем за да дојдат до убедлив триумф.

Резултатот беше отворен уште во 14. минута кога Бензема од втора постигна гол за водство од 1-0, десет минути подоцна Французинот зголеми и на 2-0.

Бензема беше во главна улога и во 29. минута но овој пат како асистент до стрелецот Хамес Родригез за 3-0.

По 15. минути игра во второто полувреме, една одбиена топка од стативата дојде до Асенсио кој погоди за 4-0.

Еибар во 72. минута преку Пена успеа само да постигне почесен гол на мечот за конечни 4-1.

Реал Мадрид со овие три бода се врати на првата позиција на табелата пред Барселона која денеска ја пречекува Селта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани