Реал ја пецна Барса, головите од победата од 4-0 на ПСЖ на големиот екран на Бернабеу

by
1 минути читање

„Каталонците“
вчера доживеаа тежок пораз на Паркот на Принцовите, па Реал Мадрид реши да го
пецне својот лут ривал.

Двата гола на
Анхел Ди Марија, како и погодоците на Јулијан Дракслер и Единсон Кавани се
појавија на големиот екран на Сантијаго Бернабеу пред почетокот на дуелот со
Наполи.

Видеото
предизвика свирежи и смеа кај фановите кои беа присутни на трибините во тој
момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани