Реал испиша негативна историја, а капак на се загуби од Леванте и Барди (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Кризата на Реал се
продлабочи. Хулен Лопетеги успеа да ги надмине негативните рекорди на неговите претходници и за прв пат во историјата „Кралевите“ не успеаја да постигнат гол 481 минута. Капак на се
беше и поразот пред своите фанови. Барди и Леванте си заминаа од Мадрид со цел
плен откако триумфираа со 1-2 на Сантијаго Бернабеу.

Мечот одлично
започна за Леванте, гостите поведоа веќе во 6. минута. Постиго испрати една
долга топка, Варан лошо го процени летот па Моралес се најде осамен пред Куртоа
го помина голманот и погоди за 0-1.

Во 13. минута
гостите поведоа и со 0-2. Варан повторно беше виновен и играше со рака на
линијата од шеснаесетникот. Судијата најпрво покажа слободен удар и додека
Барди се подготвуваше да шутира, со помош на ВАР беше досуден пенал, кој Роџер
го реализираше за нова радост на Леванте.

Играчите на Реал
Мадрид само 180 секунди подоцна мислеа дека се враќаат во игра откако Асенсио
ја затресе мрежата на Леванте но голот оправдано беше поништен со помош на
видео технологијата бидејќи Шпанецот беше во офсајд по ударот на Касемиро.

Кралевите“ потоа
уште посилно притиснаа по гол, креираа неколку добри шанси но немаа среќа. Ја
погодија рамката од голот, а и Ојер имаше неколку одлични интервенции.

Во финишот на
првиот дел следуваше нов шок, Рочина погоди за 0-3 по една контра, но и овој
гол не важеше откако судијата досуди офсајд. Првата шанса во
продолжението од мечот одново ја имаа гостите, Барди за секунда задоцни на
подалечната статива и пропушти во гол да го претвори одличното додавање на Џејсон.

На спротивната
страна, нововлезените Бејл и Бензема се заканија два пати во период од една
минута. Најпрво Велшанецот го тестираше Ојер со шут од работ на шеснаесетникот
а потоа и Бензема биеше од изгледна ситуација, но голманот на Леванте одбрани.
Бејл потоа се закани и од слободен удар, но Ојер не дозволи да биде совладан и
се прослави со нова интервенција.

Реал конечно го
најде патот до мрежата во 72. минута. Бензема го проигра Марсело кој од 11
метри биеше неодбранливо за 1-2.

Бензема потоа во
76. минута ја погоди стативата а во продолжението од акцијата Модриќ биеше
право во Ојер. По неколку полу-шанси, Реал одново ја затресе мрежата на Леванте
во 88. минута но и овој гол беше поништен поради офасајд во кој се најде Мариано.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани