Реал и Перез ќе му ја исполнат желбата на Лотито, пристигнува понуда за СМС од која боли глава

by
1 минути читање

23 годишниот
Србин важи за еден од најперспективните млади играчи во Европа и веќе го
привлече вниманието на голем број клубови како Манчестер јунајтед, ПСЖ и
Јувентус.

Првиот човек на
Лацио, Клаудио Лотито неодамна откри дека одбил богата понуда и порача дека
бара преку 100 милиони евра за да се раздели со Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Според денешното
издание на Ил Месаџеро, Реал Мадрид и Флорентино Перез се подготвени за голема
инвестиција и ќе му ја исполнат желбата на Лотито со понуда од 150 милиони
евра, плус уште 20 додатни милиони во бонуси.

Ова е понуда од
која боли глава, и доколку пристигне и во пишана форма, тешко дека
„Бјанкочелестите“ ќе можат да одолеат.

„Кралевите“ за
Милинковиќ Савиќ веќе имаат подготвени пет годишен договор и плата од 6 милиони
евра по сезона. При евентуално реализирање на една ваква зделка, Србинот ќе
стане третиот најскап фудбалер во историјата, зад Нејмар и Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани