Еден Азар се врати на терените минатата недела против Елче, но веднаш се повреди. Се верува дека скочниот зглоб, кој го повреди два пати по преселбата во Мадрид, сега придонесува фудбалерот од Белгија да ги повредува мускулите.
Напаѓачот замина во Лондон на консултации, а според пишувањата на АС, Реал Мадрид и репрезентацијата на Белгија се скарале околу начинот на кој треба да се санира повредата.
„Кралевите“ преферираат конзервативен третман со кој Еден Азар ќе биде надвор од стројот еден месец, ќе се врати во финишот од сезоната и ќе помогне во борбата за титули.
Од друга страна, Белгија сака играчот да замине на операција, тоа ќе значи крај на сезоната но Еден Азар ќе биде целосно подготвен за Европското првенство.