Реал го користи Роналдо за да ја победи Барса до нов талент од Бразил

by
1 минути читање

Откако остана без
Нејмар, Реал Мадрид наддава за секој талент од Јужна Америка за кој интерес ќе
пројави Барселона. „Кралевите“ успеаја пред „Каталонците“ да ги украдат
Винисиус Жуниор од Фламенго и Родриго од Сантош.

Шампионот на
Европа пред Барса стигна и до потписот на Езекиел Паласиос од Ривер Плата, а
според последните информации, Реал кова план како да го победи лутиот ривал и
до ангажман на офанзивниот фудбалер на Коринтијанс, Педрињо.

Претседателот на
Коринтијанс, Андреш Санчез изминатиов викенд беше во Мадрид и се сретна со
претседателот на Реал, Флорентино Перез и со Роналдо, кој од неодамна е
сопственик на Ваљадолид.

Според пишувањата
на Марка, на средбата се разгледувала можноста Реал Мадрид да го купи Педрињо и
потоа да го испрати на позајмица во Ваљадолид. 20 годишниот
Бразилец има договор со Коринтијанс до декември 2020 и откупна клаузула од 50
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани